Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук објави фотографија на која се гледаат неколку лица, посочувајќи дека едниот од нив требало да го убие.
Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР, наведе Мицкоски во објавата.
Мицкоски вечерва учествуваше на протесниот марш што со одржа под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, кој започна пред Владата, од каде демонстрантите се упатија кон Министерството за надворешни работи, од каде продолжија пред Собранието.

OhridNews












