Со таканаречената реконструкција на Владата конечно се потврди нашата максима дека сите пари ќе одат кај Вицето, изјави лидерот на опозциската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски, при денешната посета на Љубанци.

Тој посочи дека смената на Тевдовски од првото место во министерството за финансии е тргање на маската, зад која сега и официјално стои Заев.

Народот се спротивставува на пеплосувањето и уништувањето кое го прават луѓето од Власта. Народот е против деспотизмот на Заев кој е лидер на СДСМ, во исто време премиер, а денес официјално дознаваме дека ќе биде и министер за финансии. Ако овој претходниот за финансии му беше маска, денес гледаме дека веќе таа маска ја нема, а виновникот за целата сиромаштија и несреќа на народот продолжува да биде Зоран Заев. Само се стеснува кругот на криминалот и на тоа дека сите пари одат кај Вицето. – изјави Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски истакна дека за незавидната состојба во која се наоѓа земјата не е виновна ниту ЕУ, ниту соседите, туку непсообноста на Заев.

OhridNews