Изградбата на автопатот Охрид-Кичево влегува во својата завршна фаза и напредува со одлична динамика, вели премиерот Христијан Мицкоски.
Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, најголемиот-свелечиштата и косините. Првата галерија од вкупно 14 -те е целосно завршена и асфалтирана, вистинско инженерско чудо, кое бара врвни градежни решенија, особено поради сложениот планински терен низ кој минува трасата на автопатот. Со силно темпо се работи и на тунелите, каде градежните активности се во самата завршна фаза, истакнува Мицкоски.
Потенцира дека 34 километри од автопатот се веќе ставени во функција со кои, вели, се постигнати највисоки стандарди за безбедност и квалитет и кои секојднево се користат од граѓаните.
Остануваме целосно посветени на завршување на овој многу значаен капитален проект во рокот кој е предвиден. Ова не е само проект, ова е автопат кој ги поврзува граѓаните, создава нови можности за стопанството, туризмот и целокупниот економски развој на државата, додава Мицкоски.
OhridNews









