Како Влада, континуирано ја следиме состојбата на енергетските пазари и правиме сопствени анализи и пресметки со цел навремено да ги предвидиме движењата на цените на дизел горивата и бензините. Согласно тие информации, очекуваме дека Регулаторна комисија за енергетика ќе донесе одлука за намалување на цените на нафтените деривати, што се потврдува со најновата одлука која ќе стапи на сила во вторник, рече на денешната прес конференција премиеро Христијан Мицкоски.

Со оваа одлука, цената на Еуросупер 95 се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 82 денари за литар. Еуросупер 98 се намалува за 1,5 денари и ќе изнесува 84 денари за литар. Дизел горивото се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 95,5 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 3,5 денари и ќе изнесува 96,5 денари за литар. Цената на мазутот се намалува за 2,084 денари и ќе изнесува 49,227 денари. Овие цени се утврдени без дополнителното намалување од страна на ОКТА за своите партнери и изнесува 2 денари по литар за бензините и 3 денари по литар за дизелот, што значи дека ефектот врз крајната цена ќе биде дополнително намалување, посочи Мицкоски.

Во изминатиот период, потсети, Владата презеде конкретни чекори и во таа насока беше донесена одлука за намалување на данокот на додадена вредност за горивата од 18% на 10%, која останува со важност и оваа недела.

Исто така и усогласување на акцизата врз основа на движењата на берзите на плац, а за нас репер берза на плац е италијанската. Веќе имаме донесено одлука на Владата и по таа може да постапува Регулаторната комисија во однос на нивелирање на акцизите. Остануваме и понатаму држва која што навремено и сигурно ги обезбедува сите потребни количини на нафта и нафтени деривати за граѓаните и бизнисите, морам да напоменам дека исто така имаме денови кога конзумот е зголемен дури и за 30% и има денови кога достигнуваме до 2 милиони литри на ден кои што престатвува апсолутен рекорд. Но имаме доволно количини на бензинските пумпи за нас и за граѓаните од соседните земји. Остануваме држава со најниски реагенси и едниствена која ги намалува цените, потенцираше Мицкоски.

Посочи дека предизвици ќе има и во наредниот период и истите ќе се анализираат на дневно ниво.

Сакам да го честитам празникот, Христовото Воскресение Велигден, а на сите граѓани да им посакам мир и среќа за нив и нивните семејства, додаде Мицкоски.

OhridNews