Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал од 2027 година, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дали активно се работи на патно поврзување на Кичево.

Повеќе од една милијарда се инвестира во оваа патна делница и очекувам да делницата Кичево-Охрид биде завршена некаде, еве најдоцна да речеме, првиот квартал од следната година, нешто што беше заборавено. Ај што беше заборавено, беше и уништено. Па сега разгледуваме можноста конечно и за таму да има одговорност, зошто тоа така се оставило тоа на забот на времето. А исто така во напредна фаза сме за реализација и на делницата од Гостивар до Букојчани, веќе би рекол, повеќе од вкупниот број, мислам триесетина километри, мислам дека половината е веќе пробиена. А што се однесува до урбанистичкиот сегмент, целосно имотно-правните односи се заокружени. Така што изведувачот може да работи и да го заврши и тој дел од автопатот, рече Мицкоски.

OhridNews