Пелситерци загубија но не разочараа во големото финале. Три периоди беа рамноправни на теренот па се до средината на последниот кога Амак ја направи клучната разлика.

Едноставно не ја искористивме нашата шанса. Имавме доста отворени удари кои не ги погодивме по што следуваше казната. Амак играше стрпливо , погодуваа во вистинско време и  имаат полно право да слават вечерва и јас им честитам. Моите играчи направија феноменален успех со самиот пласман во финалето, одлично одигравме и денес, но во клучните моменти ни недостигаше концентрацијата, тоа е кошарката мора да погодиш за да победиш – рече тренерот на Пелистер Младен Микиќ.

М.П.