Џанпаоло Пацини беше инсипираторот на Милан во високиот триумф од 3-0 над Лацио во мечот за третата позиција која води во Лигата на Шампиони. Работите за Милан станаа многу полесни во 16 минута кога поради “професионалниот“ прекршок на Кандрева над Ел Шарави , фудбалерот на Лацио заработи црвен картон.

Пацини и Боатенг до крајот на првиот дел ја затресоа мрежата на “лацијалите“ додека победата со вториот гол на мечот, “Пацо“ ја потврди по еден час игра.

По овој триумф Милан се искачи на третата позиција и има бод предност пред римскиот калчолигаш.