Милан забележа значителна победа на гостувањето кај Џенова со 2-0 во трката за втората позиција во Италијанската Серија А. Стрелци на головите за “росонерите“ беа Пацини и Балотели, кои по исклучувањето на Констант во 65 минута останаа со играч помалце на теренот.
Домаќините реагираа на арбитражата на судијата Де Марко кој во два наврати не покажа на белата точка по играта со рака на “миланезите“ во својот 16-ик.
Милан во одлична атмосфера патува кај Барселона на Ноу Камп на реванш средбата од Лигата на Шампиони. Седумкратниот освојувач на трофејот има предност од 2-0 по првиот меч.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com