Зимските олимписки игри продолжија денеска со возбудливи финалиња кои донесоа драматични пресврти и спортски возбудувања. Третиот ден на Олимпијадата во Милано и Кортина д’Ампецо, Италија, го одбележаа силни индивидуални настапи, рекорди и нови шампиони. Холандија ја продолжи доминацијата во брзинско лизгање, Швајцарија ја одбрани титулата во слободен стил, Јапонија доминираше во Big Air, а Германија триумфираше во ски-скокови.

Брзинско лизгање 1.000 м
„Milano Speed Skating Stadium“

  1. Јута Лирдам (Холандија) – златен медал со нов олимписки рекорд.
  2. Фемке Кок (Холандија)
  3. Михо Такаги (Јапонија)

Сноуборд жени – Big Air
„Livigno Snow Park“

  1. Кокомо Мурасе (Јапонија)
  2. Зои Садовски-Синнот (Нов Зеланд)
  3. Ју Сеунг-еун (Јужна Кореја)

Скијање фристајал – Slopestyle
Ливињо / Доломити

  1. Матијлд Гримо  (Швајцарија)
  2. Ајлин Гу (Кина)
  3. Меган Олдхем (Канада)

Исклучитено возбудливо беше во натпреварот во ски скокови на малата олимписка скокалница. Триумфираше Филип Раимунд од Германија кому ова му беше прва победа воопшто во кариерата. Големиот фаворит Домeн Превц од Словенија, на крајот заврши на шесто место, откако неговиот слаб скок во првата серија го оддалечи од пехарите.

Ски скокови – Мажи, индивидуално
Predazzo Ski Jumping Stadium

  1. Филип Раимунд (Германија)
  2. Каспер Томасиак (Полска)
  3. Рен Никаидо (Јапонија)
    Грегор Дешваден (Швајцарија)

Во „Stelvio Ski Centre“ во Бормио, се одржа првото олимписко финале во машка комбинација во алпско скијање – нова дисциплина која ги спојува спустот и слаломот со вкупно време. Златниот медал го освоија швајцарците Фрањо фон Алмен и Танги Неф, благодарение на брзата слаломска трка на Неф.

Машка комбинација во алпско скијање
Бормио

  1. Фрањо фон Алмен и Танги Неф (Швајцарија)
  2. Винсент Крихмајр и Мануел Фелер (Австрија
    Марко Одерамт и Лоик Мејлард (Швајцарија)

Ова беше историски прво доделување медали во оваа олимписка дисциплина.

Г.М.