Пред натпреварот против Лихтенштајн во рамки на мундијалските квалификации, кој на програмата е денеска, селекторот на македонската фудбалска репрезентација Благоја Милевски и играчот за врска Стефан Спировски ги изнесоа своите очекувања од дуелот во Вадуц.
Уверен сум дека фаворитската улога од која не бегаме ќе ја оправдаме и на утрешниот натпревар. Ќе бидам задоволен со победа, ама за да дојдеме до неа ќе ни биде потребна максимална концентрација, изјави селекторот Милевски.

Наше е да дадеме максимум на теренот. Ако го исполниме тоа, сметам дека нема од што да се плашиме. Во модерниот фудбал сметам дека не постојат апсолутни фаворити. Мора да ја одиграме нашата игра, а ако тоа го исполниме ќе победиме на овој дуел, порача Спировски.

OhridNews











