Во 2025 година во државава се склучени 10 507 бракови и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5.1 %, додека бројот на разводи е зголемен за 8.0 %.
Минатата година во Охрид биле склучени 253 бракови, а регистрирани се 105 разводи. Од вкупно 105 разводи најголемиот дел се кај возрасната група од 40 до 49 години на сопругот и сопругата, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика (ДЗС).
За споредба во Охрид во 2023 година биле склучени 335 бракови, а имало 65 разводи, додека во 2024 година склучени биле 243, а разведени 62 бракови.
На ниво на држава просечната возраст при склучувањето прв брак во 2025 година е 27.5 години за невестата и 30.2 години за младоженецот. Според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3 448 или 32.8 % кај жените и 3 750 или 35.7 % кај мажите.
Најголем број разводи имало во старосната група од 35 до 39 години, од кои 400 или 18.3 %, кај жените и 381 или 17.4 % кај мажите. Според траењето на бракот, најмногу разводи, 478 или 21.9 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.
Н.С.Ј.
извор. ДЗС













