Нашиот реномиран џез мучичар, охридскиот гитарист Владимир Четкар и оваа година ќе ја почне со турнеја концерти низ САД.

Инаку, пред заминувањето преку барата Четкар на 21 овој месец ќе одржи и концерт во „Епинал“ во Битола.
Владимир Четкар е дипломец на престижниот музички Универзитет „Беркли“ во САД, каде има завршено студии по модерна продукција, аранжман и џез-гитара. Како уметник настапува соло, но соработува и со многу музичари. Јадорот на неговиот бенд се Мото Фокушима на бас од Јапонија, Ник Фалк на тапани и Милан Милановиќ. Неговите песни се емитувани на програмата на најпознатите светски радија што емитуваат таков вид музика.
OhridNews











