Едно лице загина, а три се повредени кога минубус во раните утрински часови удри во посетители на концерт, на фестивалот „Пинк поп“, во Холандија.

Концертот беше одржан во градот Лимберг, кој се наоѓа на југот во Холандија.

Полицијата соопшти дека возачот на автобусот побегнал од местото, а по него била организирана потера.

Според наводите на медиумите, кон присутните влетал „мал бел автобус“. Во моментов се разгледува дали станува збор за терористички напад.

„Пинк поп“ е фестивал што се одржува од 1970 година и е еден од најстарите и најпочитувани фестивали во Холандија.

OhridNews

Макфакс