Македонската кошаркарска репрезентација претпре минимален пораз 70-68 во првиот од двата пријателски меча против Германија.


Натпреварот кој се одигра во „Олимпија Хале“ во Минхен пред околу 12.000 навивачи за кои организаторот приреди вистинска церемонија, беше неизвесен во целиот негов тек.


Перо Антиќ мечот го заврши со 11 поени и 6 скока, а исто толку оствари и Предраг Самарџиски, кој поголемиот дел од поените ги постигна со атрактивни забивања во противничкиот обрач, иако директно беше чуван од Крис Кејман. Владо Илиевски и Лестер Мекејлеб постигнаа по 10 поени, а меѓу најефикасните беа и Дамјан и Војдан Стојановски кои искомбинираа 15 коша. Тодор Гечевски мечот го заврши со шест и одлично работеше под кошевите, чувајќи ја силната центарска линија на Германија.


До крајот на подготовките, Македонија ќе одигра уште еден меч со Германија закажан за недела во 15 часот. Натпреварот се игра во „О2“ арената во Берлин.

фото “МКФ“
Ohridnews