Министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија, Миле Јанакиевски поднесе неотповиклива оставка на функцијата поради тешката бродска несреќа што денеска се случи во водите на Охридското Езеро.

Заради морална одговорност поради несреќата во Охридското Езеро, телефонски го известив премирот Никола Груевски дека поднесувам оставка од функцијата министер за транспорт и врски. Од информациите што ги добив од капетанијата, се потврдува дека бродот имал дозвола за пловење до 22 мај 2010 година. Бродот бил регистриран за 43 патници. Но, за жал бродот превезувал многу луѓе од она што било предвидено– рече Јанакиески.

Во потонувањето на бродот „Илинден“ утрово кај авто кампот Елешец загинаа 15 лица, а 8 се водат за исчезнати.

Ohridnews