Министерот Сулејмани во Охрид: Директна средба со културните институции и приоритети за нивниот развој
20.08.26 15:22
Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска престојува во Охрид, во прва работна посета на институциите од областа на културата по неговото назначување на функцијата. Во Охрид Сулејмани ги посети Центарот за култура и библиотеката „Григор Прличев“, како и Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид.
Директорите на установите го информираа министерот за тековното работење, но и за состојбите и проблемите со кои се соочуваат во секојдневно работење.
За време на разговорите посебно внимание беше посветено на програмите и проектите што институциите ги подготвуваат за следната година, а кои се дел од нивните предлог-програми во рамки на Годишната програма на Министерството за култура и туризам. Директорите ги презентираа своите планови и приоритети, како и потребите за унапредување на условите за работа, реализација на квалитетни програмски содржини, нови проекти и создавање можности за поголема достапност на културните содржини до граѓаните и посетителите.
Сулејмани го истакна значењето на Охрид како еден од најзначајните културни центри во државата, со исклучително богато културно наследство, но и со динамичен и препознатлив современ културен живот. Тој посочи дека воспоставувањето директна и континуирана комуникација со културните институции е една од неговите заложби, со цел преку непосреден увид во работата да се согледаат реалните потреби и заеднички да се утврдат приоритетите за нивен натамошен развој.
Охрид има посебно место во македонската култура. Тука се среќаваат богатото културно наследство, традицијата и современото творештво. Нашата обврска е да го зачуваме она што го наследивме, но истовремено да создаваме услови културата да живее, да се развива и да биде достапна до сите. Тоа можеме да го постигнеме само со силни институции и со партнерски однос со луѓето кои секојдневно го создаваат и го чуваат културниот живот, рече Сулејмани.
Тој нагласи дека Министерството за култура и туризам останува посветено на поддршка на работата на културните установи, особено во делот на квалитетните програмски содржини, заштитата и афирмацијата на културното наследство и создавањето услови за современ културен развој.
Работната посета на Охрид следуваше по синоќешното присуство на министерот Сулејмани на завршниот концерт со кој беше заокружена музичката програма на 66-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.
Македонскиот јазик преку духовното наследство е веќе вграден во светската културна ризница Тоа не може да се избрише, но може да се збогати, рече во обраќањето на свеченото отворање на Летната школ...
На 19082026 во 12:00 часот во СВР Охрид е пријавено дека на паркинг простор во Охрид, едно лице физички нападнало вработен на паркингот, 67-годишно лице од Охрид Се преземаат мерки за целосно расве...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, моби...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.