На прес конференција што се одржа вечерва во Владата, Mинистерот за правда Билен Саљији си поднесе оставка. Тој рече дека заминува од функцијата од морални причини, незадоволен од одлуката на јавното обвинителство да го промени обвинението во случајот со 4-годишниот Алмир од Куманово, кој настрада од удар од автомбил во расправија на неговиот татко и осомничениот Бобан Илиќ. Тој најпрвин беше обвинет за убиство, за потоа делото да биде прекфалификувано во сообраќајна несреќа со смртни последици.

Државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески, во интервју за „Макфакс“ изјави дека на негово барање се сретнал со родителите на детето за да има каже, како што вели, дека нема никаква заднина во преквалификацијата на предметот. Тој изјави дека правдата ќе биде задоволена, а правото мора да владее. Јовески потврди дека во случајот нема никаква етничка или каква и да е друга заднина.

Министерот Саљији на прес конференцијата најпрвин се обрати на албански, па на македонски јазик.

OhridNews