По сторијата објавена во медиумите за малиот Борче од Охрид кој има проблеми со срцето, а која предизвика силни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, министерот за здравство Венко Филипче, денеска објави дека институцијата со која тој раководи ќе ги преземе сите неопходни мерки да се подобри неговата здравствената состојба.
Утрово се сретнав со семејството на 11 годишниот Борче Ангелоски од Охрид, чија сторија беше неодамна објавена. Борче има вродено срцево заболување, а во наредниот период за него ќе се направат сите дијагностички испитувања по што ќе се одлучи на кој начин ќе се одвива понатамошното лекување. Сите здравствени услуги за Борче се бесплатни. Ќе направиме сѐ за да ја подобриме неговата здравствената состојба. – објаци министерот Филипче на социјалните мрежи.
OhridNews












