Утрово најниска температура била измерена во Ѓуриште, – 11, а во Охрид – 2 степени Целзиусови. Во градот се уште има снежна покривка, иако таа е намалена по вчерашните врнежи од дожд.

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди и со слаби и локални врнежи претежно од снег. Дневната температура ќе се движи во интервал од -3 до 3 степени. 

Во четврток во утринските часови поради разведрувањето температурите ќе бидат многу ниски, на повеќе места ќе се спуштат под -10 степени. Кон крајот на денот во западните делови ќе има локални врнежи од снег, а во петок ќе поминуваат во дожд, но локално ќе има и услови за замрзнат дожд, информира УХМР Македонија.

OhridNews