Најстудено утрово е во Берово -9 степени и во Скопје, Прилеп, Маврови Анови, Крушево и Битола – 6. Во Тетово, Демир Капија, Крива Паланка, Штип, Велес и Кавадарци се измерени -5, во Виница, Струмица, Дебар, Охрид и Куманово -4, во Гевгелија -2, а над нулата е само во Дојран со два степена, соопшти УХМР. Најмногу снег има во Крушево 32 сантиметри, 15 во Пожаране и 7 во Берово.

Во Охрид сончево со умерена облачност. Максималната температура ќе достигне 7 степени.
Во наредните денови времето ќе биде стабилно, на почетокот на неделата со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска.
OhridNews













