Без победник 1-1 заврши “дербито де ла мадонина“ на “Џузепе Меаца“ помеѓу Интер – Милан. Разликата меѓу градските ривали остана еден бод и трката за третото место кое води во ЛШ остана отворена.


Првиот дел им припадна на “росонерите“ кои поведоа преку Ел Шарави. Имаа шанси за втор погодок, но не успеаја да постигнат и да го решат победникот.

Интер во вториот период влезе порешително, а тоа им се исплатеше со изедначувачки погодок во мрежата на Абијати. Стрелец на голот вреден бод во дербито беше Шелото.

Лидерот на табелата во “калчо лигата“ Јувентус без посериозни проблеми ја совлада Сиена на домашен терен 2-0. “Старата дама“ пред второпласираниот Наполи направи разлика од седум бодови, а “азурите“ имаат натпревар помалку кој ќе го одиграат в понеделник против Удинезе.


“Бјанконерите“ бодовите од мечот со Сиена ги осигураа со по еден погодок во двете полувремиња. Во првите 45 минути мрежата ја начна дефанзивецот Лихштајнер, а во вториот дел победата ја заверија Џовинко и Погба.

Резултати : Јувентус – Сиена 3-0, Сампдорија – Киево 2-0, Аталанта – Рома 2-3, Каљари – Торино 4-3, Парма – Катанија 1-2, Интер – Милан.

Табела : Јувентус 58, Наполи 51, Милан 44, Лацио, Интер 43…

Мх.П.