Врвниот светски пијанист, Мишел Камило, кој е еден од најексклузивните гости на годинешното Охридско лето, вчеравечер пристигна во Охрид. Оваа голема ѕвезда е сместена  во хотелот Инекс Горица, а во текот на денешнито ден  ќе има прилика и да ги разгледа убавините на Охрид. Организаторите на фестивалот велат дека овој светски музичар немал посебни или специфични барања околу условите за престој. За неговиот концерт, кој ќе се одржи вечерва во предворјето на Света Софија, се бара влезница повеќе.

Мишел Камило е еден од највозбудливите музичари на светската џез сцена, чие творештво на автентичен начин ги спојува латиноамериканските ритми и мелодии со класичниот џез израз. Неговата театралност во изведбата, извонредната техника,силната енергија и амплитудата во динамиката го сместуваат во редовите на најпрепознатливите џез музичари на денешницата.

Роден во Санто Домингово 1954 година. Почнува да учи хармоника, а првата средба со пијаното ја има на шест годишна возраст. Музика учи на престижниот колеџ „Џулијард“ во Њујорк и серазвива под влијанија на џез великаните: Чик Кореа, Кит Џерет, Херби Хенког,Оскар Петерсон, Бил Еванс, Арт Татум. Како класичен пијанист во 90-тереализирал неколку турнеи. Уметничка вештина и виртуозност на Камило ги доближува жанровите на џезот, популарната и светската музика. Тој е пијанист со брилијантна техника и композитор кој на своите дела го додава„вкусот“ на карипските ритми и џез хармонии. Покрај својата исклучителна дискографија од областа на џезот, Камило е автор и на популарна и филмска музика. Добитник е на престижните награди „Еми“ и „Греми“ за исклучителни достигнувања во музичката уметност. 

Камило на концертот во Охрид ќе настапи во придужба на порториканскиот перкусионисто Џовани Идалго.

OhridNews