В.Д. Директорот на Ј.П. „Билјанини извори“ Ристе Мишев официјално ја превзеде функцијата. На средбата што се одржа во просториите на јавното претпријатие, беше запознаен со актуелната финансиска состојба во која се наоѓа ова јавно претпријатие, како и за долговите кон доверителите и заостанатите плати за вработените. Исто така беше разговарано за тековните и планираните проекти.

По завршување на средбата, В.Д. Директорот направи обиколка на јавното претпријатие со цел лично да се запознае со вработените и да се запознае со состојбата во која се наоѓаат дел од објектите.

OhridNews