Не само во Балканскиот, односно Европскиот Ерусалим, без сомнеж кажувам дека победуваме насекаде во Македонија, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев на завршниот митинг на коалицијата „За живот во Македонија“, што вечерва се одржа во Охрид.

– Еконимски раст, поддршка на стопанството, стратегија за развој на туризмот, доближување на централната кон локалната власт, можност за вработување на младите во Охрид, се само дел од пораките што вечерва пред охриѓани ги испрати Заев.

Кандидатот за градоначалник на Охрид од СДСМ Јован Стојаноски своето обраќање го почна со силни критики кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, порачувајќи дека: „На 15-ти октомври завршува ерата на „Груевизмот“, како најцрн период во Македонија после Втората светска војна, бидејќи единаесет години во очи го лажеа македонскиот народ“.

Време е да го испратиме на буништето на историјата човекот што сакаше да прави парапетче во Охридското Езеро и најголемото природно богатство на Македонија да го подари на белосветски криминалци. Каде ви е затворениот пливачки базен, марината, новиот пат кон Св. Наум, автобуската станица и пазарот, проекти коишто силно ги најавувавте. Јас како иден градоначалник силно се обврзувам дека ќе градиме одговорно и квалитетно. – рече Стојаноски.

Тој вети санација на колекторскиот систем, гасификација на Охрид, изградба на современ здравстевн дом на место на маларична…

-Ова се дел дел од проектите коишто ќе придонесат Охрид да ги сочува културните, духовни и природни обележје. – додаде Стојаноски.

Пред охриѓани се обрати и носителот на кандидатската листа на советници д-р Коста Георгиески. Тој најави дека СДСМ ќе донесе нов живот во Охрид кој, како што рече, бил одземен со криминалното владеење на ВМРО ДПМНЕ.

-Патот кон иднината го започна нашиот лидер Зоран Заев кој направи револуција против мрачниот систем кој го креираше ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните го забораваат Груевски и ВМРО ДПМНЕ, но нема да го заборават уништувањето на Македонија. Доаѓа нов живот, достоинствен и праведен кој ќе му го врати сјајот на древниот Охрид.– истакна Георгиевски.

На завршниот митинг на СДСМ во Охрид на плоштадот „Св. Климент Охридски“ присуствуваа повеќе илјади граѓани.

OhridNews