Голем оптимизам и единство владее во македонската фудбалска репрезентација пред последните два меча во квалификациите за СП 2010, со Шкотска и Норвешка.

Атмосферата во националниот состав е на високо ниво, сите се свесни за важноста на мечевите тврди бранителот Игор Митрески.

– Играме против две селекции кои играат одлично на домашен терен. Сепак ние прво прво ќе се спремиме за мечот со Шкотска која не е селекција од која треба да се плашиме. Фудбалерите треба да сватат дека мора да го даваат максимумот во националниот состав –  вели Митрески.

фото : Емилио

М.П.