Најголемиот христијански празник Велигден претстојниот викенд ќе ги исполни верските храмови во духовниот центар на Македонија и православието, Охрид. Дебарско-кичевскиот владика, митрополитот Плаошко-струшки и администратор австралиски, г. Тимотеј, во изјава за дневникот на јавниот сервис МРТВ, упати апел до верниците да се почитуваат мерките на Владата за заштита од Ковид 19.
Вистински христијанин, вистински верник ќе се потврди оној кој што ги почитува и божјите закони, но исто така ќе ги почитува и советите и препораките на соодветните лекари кои што се повеќе компетентни од нас, а тие препорачуваат да се одржува потребната дистанца, да се носат заштитни маски и луѓето да не се групираат непотребно како во своите домови, уште повеќе во самите цркви или манастири. – рече митрополитот Тимотеј.

Ние никогаш не сме отстапиле дека ќе причестуваме со едно лажиче. Оној кој што има било каква резерва или страв, сомневање, треба да знае дека ние никого не принудуваме да пристапува кон светата причест. – дециден е владиката Тимотеј.

OhridNews











