Додека Градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ одат кон креирање на еден подобар Охрид, се стремат кон анулирање на милионските долгови, кон целосно уредување на она што преставуваше туристички, културен и економски центар и после една година од заминувањето на СДСМ и завршувањето на мрачниот период на Охрид последиците  од нивното владеење се уште се чуствуваат и одат до бесконечност, рече на денешната прес конференција портпаролот на општинската ВМРО- ДПМНЕ, Никола Митровиќ.

– Последиците од тој мрачен период на СДСМ се чуствуваат и ден денес впрочем како доказ преставува секојдневното пристигнување на нови милионски суми на долгови. Покрај обелоденувањето на  огромните суми потрошени средства во периодот од 2005-2013 година на различен основ во општина Охрид за кој што не добивме никаков одговор од страна на СДСМ, ништо поразлична состојба не е ни затекната во јавните претпријатија во градот Охрид.Очигледен доказ преставува вчерашната вест на нов долг на МЈП Проаква во износ од над милион и пол евра, истакна Митровиќ.

Тој додаде дека ако хронолошки се гледа состојбата во Проаква, ќе се увиди дека од профитабилно претпријатие до 2005 година со доаѓањето на СДСМ и новото раководство започнал период на трупање на милионски суми на долгови.

– Во периодот од 2005 до 2013 година МЈП Проаква прикажува во континуитет  загуба во работењето. Со тоа се губи и довербата кај странските донатори како сериозна фирма за идни инвестиции. Во мрачниот период на СДСМ од 2005-2013 година се зголемуваат долговите кон добавувачите по сите основи. Енормно зголемување на вработени лица за кој прашуваме дали биле спроведени по партиска припадност. Дали репрезентацијата во ова претпријатие за периодот од 01.01.2013.до 30.03.2013 година изнесувала само за Охрид 1 010 000 денари?Во периодот од 2005 до 2013 година замислете не се набавени никакви градежни машини, и опреми алати? Зарем не им било целта модернизација на претпријатието.Стотици судски спорови меѓу кои и со вработените за неисплаќање на патни трошкови и хранарина по стариот закон, рече Митровиќ.

Портпаролот на ОК на ВМРО- ДПМНЕ додаде дека за недомаќинското работење во ЈП Проаква има уште многу други  примери и прашања, кои ќе бидат обелоденети во наредниот период во интерес на граѓаните на Охрид, при тоа прашувајќи дали со ваквиот принцип на менаџирање на ЈП Проаква свесно се одело кон тоа да се оттуѓи, односно да се продаде претпријатието.

OhridNews