Борбата за ослободување од османлиското ропствво според лидерот на најголемата грчка опозциската партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис, е олицетворение на иредентизмот. Тој тоа го изјавил при посетата на островот Крф, при што истакнал дека неговата партија никогаш нема да го прифати името Република Илинденска Македонија.

Нетрпеливоста во Грција кон помалиот сосед, на кој поради ирационалниот и наметнат проблем Атина го кочи на патот кон авроатлантските интеграции, уште еднаш исплива на виделина изминатиот викенд. Екстремните десничари на собир за одбележување значаен историски датум физички го нападнаа 75 годишниот градоначалник Бутарис поради неговите ставови за Македонија.

Наспроти ваквите реакции, Македонија останува на ставот дека предлогот Република Илинденска Македонија е добра основа за решавање на проблемот со името, иако за тоа не беше постигнат јасен консензус на лидерската средба одржана изминатиот викенд во Скопје.

Преговорите помеѓу двете страни со посредство на ОН треба да продолжаат денеска, по што веројатно ќе биде појасно во кој правец тие ќе се движат.

Г.М.