Десетгодишната кајакарка Михаела Евтимоска од кајакарскиот клуб „Стрмец“ од Охрид, ги освојува домашните и меѓународни води постигнувајќи значајни резултати во македонскиот и меѓународниот спорт. Под водство на тренерот Радован Попоски оваа талентирана девојка покажува дека со многу труд, упорност и вистинска спортска посветеност успехот е загарантиран.

Името на Михаела веќе силно одѕвонува во кајакарските кругови. Таа ги достигна првите места на Меѓународната регата во Охрид во дисциплините К1 и К2, како и на меѓународните регати во Полска и Грција.

Во 2025 година ја освои титулата државен првак во пионерска конкуренција, а во тековната 2026 година успешно ја одбрани и потврди оваа доминација, станувајќи државен првак во пионери во категориите К1 и К2.

​Михаела е вистинска инспирација и светла иднина за македонскиот спорт.

OhridNews