Младата пијанистка, охриѓанката Ивона Базгалоска, ученичка во ОМУ „Методи Патче“, вечерва во Даут Пашиниот амам во Скопје, ќе настапи на концертот организиран од Здружението на директори на музички и балетски училишта на Македонија „Хармонија МБ“.

Базгалоска и уште десет ученици ќе настапат на концертот како добитници на специјалната прва награда на неодамна оддржаниот трет по ред Државен натпревар на млади музичари.

Базгалоска, која е во класа на професор Даниел Чуркоски, на вечерашниот концерт ќе ја изведе композицијата „Мачка и глушец“ од А. Копланд.

OhridNews