Ноќеска околу полноќ часот, на паркинг простор на улицата „Асном“, три лица од Охрид физички нападнале 21-годишна девојка.

Напаѓачите со дрвен предмет го оштетиле стаклото на нејзиното патничко моторно возило, при што, со повреди се здобило едно лице кое се наоѓало во автомобилот. Напаѓачите, претходно на истата улица во Охрид, физички нападнале 19-годишен охриѓанец. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Против нарушителите на јавниот ред и мир, СВР Охрид најави дека ќе поднесе соодветна пријава.

OhridNews