Во рамки на проектот Младинско ЕКО лето поддржан од CIVICA MOBILITAS, Регионалниот зелен центар од Охрид, вчера, организираше еколошка акција за чистење на месноста околу плажата Лабино.
Акцијата започна од патеката кај црквата Свети Јован Богослов Канео према дивата плажа Лабино и патеката која продолжува према месноста Кошишта. Во неа учествуваа соработниците од Културолошка Иницијатива 5 до 12, здружението на граѓани ЕКО ФАП, граѓани од месната заедница како и случајни посетители на плажата Лабино. – информираат од Зелен центар.
Во акцијата се собраа 10 вреќи со отпадоци, кои со чамец од плажата Лабино соодветно се депониорани во контејнерите во месноста Воска.
OhridNews














