Младиот охриѓанец Хадис Алим го освои првото место во категоријата „Јunior Taper Fade“ на меѓународниот берберски натпревар „GFP World Beauty Fest“, што се одржа во Тирана, Албанија.

Според информациите што ги објави неговиот татко и ментор, познатиот охридски бербер Шогун, Хадис триумфирал во конкуренција на 28 млади натпреварувачи од повеќе држави, освојувајќи го златниот пехар во категоријата за натпреварувачи до 16 години.

Успех на натпреварот оствари и Јован Додевски од Куманово, кој го освои првото место во категоријата „Senior Freestyle“*, со што македонските претставници се враќаат со две златни одличја од меѓународната манифестација.

Горди сме што го претставувавме нашето знаме со чест, наведува Шогун Алим во објавата по повод успехот на својот син.

OhridNews
Фото: Фејсбук