Младински Совет Охрид како членка на Коалиција на младински организации СЕГА  го имплементира проектот: Учество на младите во процесите на креирање политики на локално ниво „Вклучете не СЕГА“.
 
Проектот во наредните 7 месеци ќе се  спроведува во Прилеп, Општина Центар – Скопје, Тетово и Охрид. Главна цел на проектот е да се придонесе во процесот на интегрирање на родова перспектива на локално ниво, посебно во процесот на младинско учество и младинско информирање, велат од МСО.
 
Во рамки на проектот предвидено е да се изработи ТВ спот, флаери, организирање на округла маса за утврдување на пречките за недоволно учество на младите, организирање на тренинг обуки, организирање на работилници за едукација и мотивација на младинското учество и организирање на јавна трибина на тема: „Учество – дали општината има потреба од младинско учество“, соопшти МСО.

Ohridnews