По повод Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, вчера во Центарот за култура „Григор Прличев“, охридскиот уметник Славко Упевче ја отвори третата заедничка изложба на клубот за цртање „Арс Вивенди“, кој функционира во рамките на Црвениот крст од Охрид.

Изложбата со наслов „Мојата приказна во Црвениот крст“, на охриѓани им овозможи да се запознаат со квалитетите кои ги поседуваат младите уметници преку педестина дела работени во различни техники.

Уметниците и авторите на овие дела, преку целата година напорно работеа и твореа, односно ги надоградуваа своите знаења под раководство на Милан Србиноски, волонтер кој веќе неколку години е активен член на Црвениот крст од Охрид. Оваа година, на некој начин тој беше задолжен да не координира и сите заедно да истражуваме во полето на уметноста. Клубот ќе продолжи со работа и следната учебна година и искрено се надевам дека ќе ги мотивираме младите да цртаат и да ја сакаат уметноста, а преку истата да ја изразат својата хуманост.“ – вели Анета Вршкоска Јованоска од општинскиот Црвен крст.

Фокусираност кон портрети и човечки фигури

Како што објаснува Милан Србиноски, волонтер од Црвениот крст Охрид кој во текот на оваа година го водеше клубот на уметници „Арс вивенди“, најголемиот дел од часовите биле посветени на човечки портрети.

Искрено сум многу задоволен од изложбата и општо од сите ученици, бидејќи сите го постигнаа максиумот за тој период. Мислам дека им помогнав да стекнат знаења што сега веќе ги поседуваат, затоа што на часовите детално се фокусиравме на човечката фигура. Сите успеаа да го извадат максиумот од себе, да се вклопат во приказната и заедно направивме нешто вакво.“ – вели Србиноски.

Членовите на „Арс Вивенди“ задоволни од достигнувањата

Учениците кои беа дел од клубот на уметници „Арс Вивенди“, потенцираат дека се работи за кохезна група од млади и креативни луѓе, во кои постојано владее позитивна енергија.

Не само во неа, туку и надвор од нeа. Мотивираност, желба за понатамошна работа, креативност, нови идеи, предизвици и пред се, хуманост. Освен можност уметнички да твориме и учиме како волонтери, клубот покажува и висока општествена одговорност на различни начини. Нашиот соученик Милан Србиноски, талентиран млад уметник и матурант, моментално е координатор на клубот и ги води часови преку различни идеи спроведени на забавен начин. Преку нив, ние успеавме да ги зголемиме нашите артистички способности и вештини.“ – велат Симона Потеска и Александра Паунческа.

Младите уметници и нивната хуманост – пример за останатите генерации

Академскиот сликар, охриѓанецот Славко Упевче, потенцира дека членовите на клубот „Арс Вивенди“ преку нивниот хуман дух и покажаното чувство за пријателство, дружба и соживот, преставуваат пример по кој треба да се огледаат другите генерации.

Многу сум задоволен што децата работат со жар и љубов. Самиот податок што се определиле да бидат членови на клубот „Арс Вивенди“, односно Црвениот крст, кажува дека хуманоста кај нив е на едно исклучително високо ниво. Генерациите кои доаѓаат треба да се огледаат на нив и да го следат оној хуман и убав дел од животот, каде има дружење, љубов и пријателство. Не виртулено преку социјалните мрежи и технологијата, туку физичко во секое време од животот. Ова би било апел до младите да се свртат едни према други, повеќе да се дружат и да се оддалечат од столчињата пред компјутер.“ – вели Упевче.

О.Т.