12-тина активисти собраа 15 вреќи ѓубре, габаритен отпад, како и остатоци од 2 педалинки… Вакви се резултатите од денешната 33. акција на Чист Охрид, која е инспирирана од иницијативата за Национална акција на #НеБидиЃубре.

Младите луѓе по се изгледа заборавиле или воопшто не знаат како да се грижат за животната средина. Целиот поглед кон прекрасното Охридско Езеро беше збогатен со остатоци од презервативи и влажни марамици, кои беа во огромен број, велат од Чист Охрид.

Веднаш по акцијата се известени и службите на Охридски Комуналец.

Чист Охрид ги охрабрува ваквите национални акции за чистење, како и индивидуалните потфати. Истовремено упатува апел за зачувување и штитење на животната средина.

OhridNews