Македонија ја забележа четвртата победа на континеталниот самит и како првопласирана ги заврши натпреварите во Ц групата. Македонија ја совлада БиХ со 75-63 и ги испрати поранешните браќа дома, а им ја отвори вратата на финците за влез меѓу најдобрите 12.

Македонија лесно и убедливо ја “прелета“ БиХ и и’ приреди уште еден незаборавен ден на македонската јавност.

Јунаците на Докузовски не оставија ништо на случајност и забележаа победа со која во осминафиналната група пренесуваме четири бода.

Уште една маестралана партија на комлетениот македонски тим. Перо Антиќ со дабл дабл учинок ( 15 п и 14 ск) го предводеше националниот состав во кој брилираше Лестер Бо Меккелеб со 22 поени. Двоцифрен мечот го заврши и Тодор Гечевски со 13 поени.

Одлучувачки во триумфот беше третиот период кога “црвено-жолтите“ направија серија по која немаше назад за босанскиот тим.  Серијата поени во последниот период на Илиевски и Стојаноски не дозволија “сините“ да ни се приближат, и мечот влезе во мирна завршница.

Победата е до толку голема што Македонија е една од ретките кои на овојшампионат претпреа само еден пораз во групата.


М.П.