Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ не е импресиониран што стана најстариот голгетер во историјата на Европските првенства.

Мојот рекорд? Тоа не ми значи ништо бидејќи не му помогна на тимот. Тажна ноќ, изјави Модриќ за „Madrid Xtra“.
Модриќ (38 години и 289 дена) го собори рекордот на Австриецот Ивица Вастиќ, кој постигна гол со 38 години и 257 дена на натпреварот против Полска на ЕП 2008 година.
Шпанија (9 бода) и Италија (4) директно се пласираа во плејофот на ЕП 2024. Хрватска освои 2 бода и има само теоретски шанси за пласман во осминафиналето.
OhridNews










