Екипата на Мол Татабања од Унгарија во која настапува македонскиот репрезентативец Филип Талески, во реваншот вечерва славеше над Извиѓач од БиХ 37:34 и се пласира во финалето каде ќе се сретне со подобриот од второто полуфинале Охрид – Целје.
Реванш натпреварот кој ќе го даде вториот финалист се игра утре вечер од 19 часот во салата “Билјанини извори”. Словенечкиот претставник има предност од еден гол по победата остварена во Целје 27:26, а Охрид се надева дека со поддршка од трибините ќе оствари резултат кој ќе го однесе во финалето.
Г.М.












