Раководителот на Капетанијата на пристаништата во Охрид, Љупчо Настоски два дена по потонувањето на бродот „Илинден“ е недостапен за македонските медиуми. Влезната врата на Капетанијата е затворена, а вработените не даваат никакви информации.
Капетанијата не чувствува одговорност да ја информира јавноста за деталите од трагедијата која е последна во серијата несреќи што ова лето се случија на Охридското Езеро. Така беше и вчера пред и после состанокот на мешовитата меѓународна комисија за истрага на бродската несреќа што се одржа во Капетанијата.
Поради молкот на Капетанијата деновиве на јавноста и се сервираа бројни шпекулации околу бројот на патниците кои биле на кобното патување и капацитетот на бродот „Илинден“, па така и ресорниот министeр во првата изјава по несреќата изјави дека пловилото било регистрирано за 53 лица, а тоа има капацитет за 43 патници.
Бројни шпекулации имаше и околу неодамнешната несреќа кога во судир на два глисери во Охридското Езеро животот го загуби едно лице. Поради недостаток на релевантни информации и молк од Капетанијата во јавноста проструија голем број неточни информации кои одат на штета на истрагата и на инволвираните во несреќите, но и на имиџот на Охрид, кој по серијата трагични настани во езерото ова лето, е крајно нарушен.
Утре за празникот Воздвижение на Чесниот и Животворен Крст – Крстовден во храмот „Св вмч Георгиј“ во Охрид со почеток во 08:45 часот ќе биде отслужена света архиерејска литургија на која ќе чинонач...
По завршување на градежните активности за реконструкција на дел од улицата „7-ми Ноември” продолжува следната фаза од проектот која ќе се одвива во две подфази со цел побрза реализација и оле...
Замените на колк во земјава се одвиваат со подобро темпо во споредба со одредени европски земји, но изборот на конкретен доктор и доцното пријавување кај специјалист се клучните причини за подолгит...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.