Министерството за образование и наука – МОН, реагираше за излегувањето на учениците на протести против платформата на албанските политички партии за време на наставниот процес. МОН ги обвини директорите на училиштата кои дозволуваат учениците да излегуваат на улични протести, а велат дека му наложило на Инспекторатот да ги провери училиштата и да ги преземе потребните мерки.
„Му наредивме на Државниот просветен инспекторат, директно на директорката на овој Инспекторат, а врз основа на одговорот кој таа ни го врати, во кој се вели дека сите инспектори се испратени на терен и прават евиденции во сите средни училишта кои дозволија учениците да излезат на улица, ќе се направи записник после кој согласно Законот ќе се преземаат санкции за сите што го прекршуваат Законот“. – изјави за телевизијата „Алсат М“ Сафет Незири од МОН.
На протести вчера изчегоа и средношколците од Охрид, во најголем дел од техничкото училипте ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и од угостителското училиште. Тие истакнаа дека се организирали сами и дека ќе продолжат со протетстите.
OhridNews












