Министерството за образование и наука ги отфрли шпекулациите дека дел од тестовите учениците ги полагаа во рамките на екстерното тестирање биле пробиени.

Како што стои во соопштението на ресорното министерство, не постои сомнеж во сигурноста на софтверот преку кој учениците беа тестирани, бидејќи е направен согласно стандардите за управување со информатичка безбедност.

Министерството за образование и наука во координација со органите во состав и останатите надлежни институции, Државниот испитен центар, Бирото за развој на образование, Центарот за средно стручно образование и Државниот просветен инспекторат, направи анализа на сите тестови коишто изминатите неколку денови беа предмет на дебата и објава во одредени медиуми во обид за сензација, при што е констатирано дека прашањата во истите не се веродостојни ниту по формата, ниту по содржината на оние коишто беа изработени од страна на надлежните институции.“ – стои во соопштението.

Реакцијата на Министерството за образование и наука доаѓа откако дел од медиумите укажаа дека постои основано соменение дека учениците си ги разменувале тестовите преку интернет.

OhridNews