
Настанот и дружењето со Бруно Шимлеша во Охрид ќе се одржи на 5ти мај, сабота, во 18.30 часот во хотел Park Lakeside. Покровители на настанот се „Жито Леб“, хотелите Park Lakeside и „Два Бисери“.
Темата „Школо за љубовта” е интересна и корисна за публика од сите возрасти над навршени 16 години живот. Поканети се сите заинтересирани, бесплатно да го проследат настанот, да добијат одговор на своите прашања, да го запознаат и да се дружат со извонредниот и популарен Бруно Шимлеша.
Бруно Шимлеша е најпознатиот хрватски стручњак за љубов. По струка е социолог и 17 години работи како терапевт. Автор е на 9 книги кои се продадени во 100.000 примероци. Но, најважно е да се каже дека, ТОЈ го живее она за што подучува.
OhridNews











