Синоќа во 19 часот на регионалниот пат Струга – Дебар, кај селото Враништа, се случи сообраќајна незгода во која мотоцикл „хонда“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 44-годишно лице од Враништа, излетал од патот.

Возачот на мотоциклот е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ каде се констатирани тешки телесни повреди. Во сообраќајната незгода, со телесни повреди се здобил сопатникот (19) од струшкото село Јабланица, информира СВР Охрид.

По овластување на Јавен обвинител, увид извршиле полициски екипи.