Остварена средба на градоначалникот Кирил Пецаков во придружба на Претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески со претставници од Планинската спасителна служба. При посетата градоначалникот Пецаков беше запознаен со целокупната опрема и стручниот кадар со кои располага службата за спасување.
На средбата со членовите на службата беше разговарано за тековните проекти како и за подготвеноста за делување на непристапен планински терен. Заеднички беше заклучено дека Службата за спасување на планина е од исклучително значење за подигнување на нивото на безбедност на планинарите во Охридскиот регион. Исто така, беше разговарано и за можностите за поддршка на службата како и за соработка во насока на промоција на Охрид како безбедна дестинација за развој на планинарски туризам и промоција на планинарските спортови, информираат од Општина Охрид.

OhridNews












