Македонската православна црква на рочиштето што се одржа кај струшкиот извршител Марјан Деребан, и официјално го доби во владение хотелот Изгрев кај Калишта. За да си го поврати вредниот имот по неуспешната зделка со струшката фирма „Миладинов“, МПЦ на јавната лицитација што се одржа пред повеќе од еден месец плати 1,5 милиони евра. На рочиштето кај извршителот Деребан овие средства им биле распределени на доверителите на фирмата Миладинов, НЛБ Тутунска банка која добила 1,3 милиони евра и „Авел“на која и биле исплатени 200.000 евра. Фирмата „Миладинов“ со која МПЦ имаше бизнис релации кредитно се задолжила кај посочените компании, а како гаразнција дека ќе ги врати средствата под хипотека го давала х. „Изгрев“.
Со кратки ракави остана единствено германска банка ЛХБ која исто така тврди дека е доверител на фирмата „Миладинов“. Основниот суд во Струга деновиве го одбил барањето на оваа банка за изрекување времена мерка за запирање на предавањето на хотелот со кој стопанисуваше фирмата „Миладинов“. Поради тоа ЛХБ поднела тужба пред судот во Струга за поништување на продажбата на хотелот „Изгрев“ кој МПЦ го поврати откако плати големи средства на фирмата со која требаше заеднички да стопанисуваат со атрактивниот имот.
За нејасните бизнис зделки околу х. „Изгрев“ поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан сеуште јавно не се изјаснил.
Сообраќајот на главниот патен правец од Тирана кон граничниот премин Ќафасан е во прекин поради сериозно оштетување и слегнување на мост на делницата кај Прењас, во источна Албанија Според информац...
На 21022026 година во 1245 часот, на улицата „Кленоец,“ во Охрид, лишено од слобода е 44-годишно лице од охридското село Долно Лакочереј При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници со...
Со традиционалниот детски маскенбал „Емшири 2026” кој се одржа на спортското игралиште „Тодор Александров” беше одбележан празникот Прочка во Велгошти Младите емширчиња со креативни маски инспирира...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.