Вчера во склоп на манифестацијата Вевчанско лето 2026, во Вевчани се одржа промоција на збирката раскази „Мрачни импулси“ од авторот Јордан Коцевски.

„Мрачни импулси“ е збирка раскази што ја истражува темата на човечките импулси – нагли, понекогаш хаотични, понекогаш логични одлуки што го обликуваат животот на поединецот. Расказите поставуваат морални дилеми, ги поткренуваат прашањата за последиците од одлуките, и ја разгледуваат границата меѓу љубовта и агресијата, меѓу грижата и параноја, вели авторот.
Некои од прашањата што ги поставува книгата, посочува се: Што сè би направиле за да го спасите своето дете? Постојат ли злобни мачки? Дали ќе се преселите ако дознаете дека куќата во која штотуку сте се вселиле е проколната? Што ќе ви каже инстинктот ако ве нападне глутница волци? Ако дознаете дека постојат мали суштества што живеат со вас, до каде сте подготвени да одете за да го докажете тоа?
Ова е четвртото место каде што „Мрачни импулси“ се претставува пред публика, по претходните промоции одржани во Скопје, Охрид и Прилеп.
Изданието е финансиски поддржано од Министерството за култура и туризам.











