
Договорите ќе ги потпишат генералните директори на МРТ и на БНТ. Претставниците на БНТ истовремено ќе потпишат и први договори со десетина македонски кабелски реемитувачи со што сателитската програма на БНТ ќе биде ставена во нивната понуда. Идентична процедура наскоро ќе биде реализирана и во Софија со дел од кабелските оператори во Бугарија што ќе го добијат правото на преземање на сателитската програма на Македонската телевизија.
Овој договор е резултат на првата неформална дебата на дваесетина афирмирани новинари и медиумски експерти од двете држави што во Скопје ја иницираше Македонско-Бугарската Стопанска Комора .
OhridNews











