Министерството за труд и социјална политика информира дека преку прилагодување на прописите од областа на социјалната заштита, обезбеди олеснет пристап до остварување на правото на гарантирана минимална помош и остварување на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството и за месеците од април до септември за време на вонредни околности, односно за времетраењето на пандемијата со КОВИД 19.

Со оглед дека вонредните околности со пандемијата од КОВИД 19 се завршени, ги известуваме граѓаните дека олеснетиот пристап до правото на гарантирана минимална помош престанува да важи и корисниците на гарантирана минимална помош ќе остварат паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството за месеците од октомври до март, согласно Законот за социјалната заштита, сметано од 30.06.2022 година, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

OhridNews