Претставници на Македонската Радио телевизија ја посетија спортска сала “Билјанини Извори“ со цел да ги извршат завршните подготовки за претстојното ЕП во ракомет кое од 2 до 14 декември ке се игра во Охрид и Скопје.

На средбата која траеше нешто повеќе од два часа одговорните лица во МТВ беа запознаени со можностие на салата за реализација на преносите од евро самитот.


– Средбата со претставниицте на МТВ беше да се види до каде сме со исполнувањето на барањата на ЕХФ и агенцијата која ги има правата за преносот на натпреварите. Договорени се и наредните чекори и очекувам по интензивна соработка во претстојниот период – вели Иван Цветкоски в.д директорот на ЈП БИлјанини Извори.


Швајцарската агенција “Инфронт“ ги има тв – правата за преносите на ракометните натпревари. Нивните претставници беа на два пати во Охрид на лице место да се уверат во можностите на охридската сала.

М.П.